
За прв пат во Македонија извршена операција на срце под локална анестезија на Клиниката за кардиохирургија.
Македонските кардиолози и кардиохирурзи за прв пат во Македонија извршија ивршија ваков зафат на пациенти кои се под локална анестезија. Станува збор за трансартериска аортна валвуларна имплантација.
Направени се 4 вакви процедури, тие ги работата заедно и интервентен кардиолог и кардиохирург и истите се прават со локална анестезија. Тоа значи дека додека се работи интервенцијата пациентот е свесен, рече министерот за здравство Никола Тодоров, кој денеска беше во посета на Клиниката.
Постапката се врши на буден пациент и се става залисток без да се запре срцето и без да се отвори градниот кош.
Јас сум многу горд затоа што ги направивме првите процедури на свесни пациенти заедно со нашите колеги од кардиологија. Тоа се кардиолошки зафати со помош на кардиохирург. Пациентите се многу добри, сите се свесни и мислам дека во следните денови ќе можат да одат дома, појасни Др. Омер Џемаили.
Кардиолозите ги подготвуваат пациентите а кардиохирурзите ја подготвуваат артеријата на ногата и заедно се поставуваат залистоците, појаснија докторите кои ги вршеа операциите.
Оваа интервентна процедура ќе биде во подем и се извршува од страна на интервентен кардиолог, од кардиохирург и анестезиолог. Зафатот може да се изведе на сите потешки случаи кај пациенти, односно пациенти со напредната срцева маана, од стекнат вид и оваа аномалија е почеста кај возрасни пациенти, појасни Др. Слободан Антов.
Пациентите кои подлежат на ваков зафат обично се на возраст над 75 години, но старосната граница како и тежината на пациентите се поместува.
Фондот за здравство осигурување во координација со Министерството за здравство ги планира и ги обезбедува потребните финансиски средства за вршење на овие процедури. Па така и за оваа процедура во следниот Буџет за 2016 година, може да објавиме дека најмалку 20 милиони денари ќе бидат расположливи за овие две клиники за да ги развиваат и да ги вршат овие процедури врз пациентите, појасни директорот на Фондот Сашо Стефановски.
Инаку, министерот Тодоров подвлече дека Државната кардиохирургија работи во полна пареа и речиси и да нема слободен кревет.
Тоа го докажува задоволството и репутацијата која што за кратко време ја стекна државната кардиохирургија во Македонија. Станува збор за искусен тим, во македонскиот но и во европскиот здравствен систем, тим кој што може да се носи со најдобрите тимови во Европа. Токму поради тоа репутацијата на државната кардиохирургија секој ден се повеќе расте, појасни Тодоров.