![bitola](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2013/12/bitola.jpg?resize=560%2C420&ssl=1)
Во организација на здружението „Астерион галери“ од Битола за првпат се организираше предновогодишен саем.
Во рамките на овој настан, учествуваа околу 24 штандови на здруженија на ракотворци, занаетчии и малостопанственици.
Луѓето кои досега немле можност на ваков начин да ги изложат своите производи и да ги продаваат, како за првпат се задоволни од посетата на битолчани и се надеваат дека саемот ќе се организира и во иднина, а истиот ќе ја подобри економијата на Битола.