Енергетската политика на земјите од Европската унија подготвувајќи се за воведување на шестиот пакет антируски санкции поради воената интервенција на Москва во Украина и најавите за постепено целосно откажување од руските енергенси претставува „економско самоубиство“, оцени во вторникот рускиот претседател Владимир Путин.
„Очигледно, покрај руските енергетски ресурси, и можноста за зголемување на економските активности ќе ја напушти Европа. Таквото економско аутодафе (самозапалување –з.р.), самоубство е, се разбира, внатрешна работа на европските земји“, изјави Путин зборувајќи на состанокот посветен на развојот на нафтената индустрија.
„Ние мораме да дејствуваме прагматично, тргнувајќи првенствено од сопствените економски интереси“, додад рускиот претседател.
Оцени, исто така, дека зголемувањето на цените на енергенсите поради обидите од пазарите да бидат избркани руските нафта и гас, ќе ја намали конкурентноста на идустриите во Европската унија.
„Отфрлањето на руските енергетски ресурси значи дека Европа системски, во долгорочна перспектива, станува регион со највисоки трошоци за енергенси во светот. Да, секако, цените ќе растат овде, и цените на ресурсите ќе одат на тие цени, но нема да биде возможно суштински да се измени ситуацијата“, смета рускиот челник.
Притоа Путин додаде дека тоа е најсериозното прашање „а според некои експерти и неповратно може да ја поткопа конкурентноста на значителен дел од европската индустрија, којашто и онака веќе е во заостанување зад конкурентските компани од другите региони во светот“.
Отсега, смета рускиот претседател, овие процеси само ќе бидат забрзани. Путин притоа рече и дека Европа си поставува задача да ги напушти руските енергенси, игнорирајќи ја штетата за сопствената економија.
„Европејците отворено признаваат дека сѐ уште не можат да се лишат од руските енергетски ресурси, уште поочигледно е дека некои земји од ЕУ, во чијшто енергетски биланс е особено висок уделот на руските јаглеводороди, нема да можат тоа да го сторат уште долго време, не можат да се откажат од нашата нафта“, рече Путин додавајќи дека, сепак, тие земји се решиле на таков чекор „без да внимаваат на штетата што веќе ја предизвикаа за своите економии“.