Потрбно е:
200 гр. шпагети, 400 гр. пилешки гради, 3 лаж вино, пол. лаж ѓумбир во прав, 1 лаж сув зачин, масло,3 лаж соја сос, 150 гр пченка, 100 гр, боранија, 100 гр пиперки, 100 гр. кромид, 2 чешниња лук, 100 гр морков, 1 лаж. цветен мед
Подготовка:
Шпагетите сварете ги и исцедете ги. Пилешкото бело месо исечкајте ги на парчиња. Зеленчукот исчистетете го и исечкајте го на кругови. Месото испечете го на тефлонско тавче на загреано масло. Во истото масло испржете го зеленчукот и ситно исечканиот лук. Кога ќе биде готово вратете го месото, сварената боранија и пченката.
Додадете ги зачините, соја сосот, ѓумбирот, медот, виното и уште малку варете.
Во половина од подготвеното месо и зеленчук измешајте ги сварените шпагети, а потоа на нив распоредете ги остатокот од месото, па топло послужете.