
Во саботата во периодот од 9 до 16 часот Мобилната единица за безбедност во сообраќајот спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на автопатот Скопје-Велес, при што санкционирани се 83 возачи.
Од нив 40 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а шестмина за дури над 70 километри на час над дозволената.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.