Во рамките на акциската контрола спроведена во неделата 5-ти март од 10 до 18 часот, откриени и законски санкционирани се 159 пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место (ТЕ-96 и ГВ-63).
Десет од нив биле за повеќе од 70 километри на час (ТЕ-7 и ГВ-3), 55 пречекорувања (ТЕ-32 и ГВ-23) до 70 километри на час и така натаму.
Покрај ова, биле санкционирани и 127 пречекорувања на пропишаната брзина во населено место (ТЕ-76 и ГВ-51), од кои 1 (ТЕ) за над 50 километри на час, како и 14 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-7 и ГВ-7).
СВР Тетово продолжува со контролни активности и во наредниот период и апелира до возачите да ги почитуваат сообраќајните знаци, правила и прописи кои се однесуваат на дозволената брзина, со што ќе придонесат за нивната и за безбедноста на сите учесници во сообраќајот во поширокиот Полошки регион, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.