Членот на општинскиот совет на московскиот округ Красносел, Алексеј Горинов, стана првиот човек во Русија осуден за ширење лажни извештаи за руската армија, соопшти денеска Окружниот суд Мешчан.
– Судот го прогласи Алексеј Горинов за виновен за намерно јавно ширење на лажни информации за руските вооружени сили при злоупотреба на службената положба – соопшти службата за односи со јавност.
Во соопштението се додава дека Горинов ќе биде испратен на издржување затворска казна од седум години, пренесува ТАС С.
Максималната казна за делото што го направи Горинов е 10 години затвор.
На 15 март годинава, на состанокот на општинските пратеници, Горинов изјавил дека е недозволива каква било забава и рекреација на московјаните „за време на воените дејствија на територијата на суверена соседна држава“. Тој бил уапсен на 27 април, наведува руската агенција.