За шпионирање на вработените „H&M“ казнет со 35 милиони евра

Германски народен правобранител со 35,3 милиони евра го казни шведскиот моден синџир „H&M“ поради собирање потадоци за приватниот живот на своите вработени.

Со надзорот биле опфатени неколку стотици вработени кои работат во сервисниот центар во баварскиот град Нуремберг, според изјвата на хамбуршката Комисија за заштита на податоците и слобода на информирањето.

Најмалку од 2014 година менаџментот на „H&M“ во Нуремберг собрал „големо количество податоци за приватните животни околности“ на вработените, вклучително и здравствените дијагнози, семејните проблеми и верските убедувања.

Деталите од следењето често биле снимани и дигитално складирани во систем, преку кој биле „достапни на најмалку уште 50 други менаџери во компанијата“.

Од „H&M“ изјавиле дека „инцидентот открил практики на обработување на приватните податоци на вработените кои не биле во согласност со упатставата и инстукциите“ на компанијата.

Од компанијата, исто така, им се извиниле на вработените и најавиле дека ќе ја анализираат одлуката на народниот правобранител во Хамбург.