Техничкиот премиер Оливер Спасовски повторно тактизира околу терминот за одржување на изборите. Тој во интервју за „Фокус“ вели дека за Владата датумот за изборите е завршена работа но не кажува кој е тој датум.
„Датумот за изборите е завршена тема за Владата. Неодговорно е државата да ја оставиме без парламент, со преодна Влада и со опозиција која е настроена деструктивно и само гледа да заработи некаков политички поен на сметка на кризата и на ризиците на кои се изложени граѓаните“, вели Спасовски.