За Трамп не е проблематична возраста на Бајден, туку неговата неспособност

Осумдесетгодишниот, најстариот во историјата американски претседател Џо Бајден, тешко ќе може да смета на одбранма од критиките на возраста до 77-годишниот поранешен претседател Доналд Трамп со кој веројатно повторно ќе се соочат на претседателските избори следната година.

Бајден редовно е критикуван поради неговата возраст но уште повеќе во прашање се доведуваат неговите когнитивни способности, имајќи ги предвид бројните гафови од падови преку панични ракции на кукли и губење на правецот на движење до грешење на лицата на кои им се обраќа и обраќање кон одамна починати лица.

Поранешниот републикански претседател Трамп, со кој демократот Бајден има намера да се соочи во ноември 2024 година, во изјава за теелввизиската мрежа NBC News уверуваше дека проблемот не е во возраста на актуелниот претседател, туку во „неговата неспособност“.

„Некои од најголемите светски лидери беа на власт кога беа во своите осумдесетии. А Бајден не е престар. Но мислам дека е неспособен и тоа е поголемиот проблем“, вели во интервјуто кое целосно ќе биде емитувано во недела Трамп кој со голема предност пред ривалите влегува во трката за претседателската номинација на Републиканската партија.

Последната лекарска процена на здравјето на Бајден од февруари 2023 година наведува дека тој е со „добро здравје“, но Белата куќа покрај тоа што никогаш немала повозрасен станар не се соочила и со толку инциденти.

Џо Бајден на крајот од потенцијалниот втор мандат би имал 86 години, поради што често е критикувана неговата намера да се кандидира уште еднаш.

Зборувајќи, пак, за своите години, Трамп смешкајќи си вели „Јас сум сѐ уште далеку од 80“.

Моменталните анкети покажуваат дека мнозинството од Американците, иако разликата во години меѓиу Бајден и Трамп е мала, повеќе ги загрижува здравјето на Бајден и неговите когнитивни способности.