За Трамп повлекувањето од нуклеарниот договор со Иран не би наштетило на преговорите со Пјонганг

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во понеделникот дека повлекувањето од иранскиот нуклеарен договор не би влијаел негативно на скорешните нуклеарни преговори со Северна Кореја, како и дека би бил отворен за преговори за нов нуклеарен договор со Техеран.

„Мислам дека ова испраќа исправна порака, Знаете дека тој договор ќе истече за седум години по што Иран ќе биде слободен да одите натаму и да создаде нуклеарно оружје“, рече американскиот претседател Доналд Трамп на прес-конференција запрашан дали повлекувањето од иранскиот нуклеарен договор би испратил погрешна порака за Пјогнјанг.

Трамп одби да каже дали САД ќе се повлечат од нуклеарниот договор пред крајниот ток за одлука 12-ти мај, истакнувајќи: „Ќе видиме што ќе се случи“. Меѓутоа, изрази незадоволство од договорот.

„Тоа е едноставно неприфатлива ситуација. Тие не седат мадро. Тие подготвуваат проектили за коишто велат дека се само за телевизиски цели. Јас не мислам така. Тоа не значи дека нема да преговараме за вистински договор“, рече Трамп.