За три години за 300 проценти е зголемена бројката на партиски привремени вработувања

Јавна тајна е дека најголемиот дел од ветувањата на власта се однесуваат на вработувања во администрацијата, па последните податоци за зголемување на бројот на привремени вработувања кои скокнале на енорми плус 300 % , говори за зголемување на бројот на партиски вработувања последните три години од 2017 година до 2020 година.

Според Центарот за граѓански комуникации бројот на привремени вработувања скокнал за повеќе од 300 проценти. Од 62 привремени вработувања колку што имало во декември есец 2016 во февруари 2020 се зголемиле на 271 вработување во февруари 2020 година.

Кај општините за истиот период бројот привремени вработувања од 941 зголемил на 1176 вработувања. Податоците за ангажирани службеници со договор на дело за истиот период во министерствата скокнал од 141 во декември 2016 година, на 318 вработувања до февруари 2020 година.

Во истата анализа најголем скок на бројот на вработувања има во полицијата, а најголем пад во одбраната. Од министерствата, Министерството за земјоделство имало најголем број на привремени вработувања 48 нови.

Кај општините најголем број на нововработени имало во Општина Бутел, дури 207% зголемување на кадарот во општината или вработила 122 повеќе луѓе за период од три години. Бројот на привремени вработувања во општините се зголемил за 25%, освен во Општина Бутел, за плус 87 вработувања во Општина Кавадарци, плус 53 во Град Скопје, плус 39 вработувања во Општина Кисела вода и плус 33 во Општина Прилеп.

Во спроведеното истражување од Центарот наведуваат дека Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците воопшто не ни одговориле на барањата за слободен пристап до информации, односно не им доставиле податоци, додека пак Општина Сарај одговорила само делумно.

Се чини дека Владата од време на време го актуелизира прашањето и ветува стручна администрација, а во реалноста истата ја трупа со привремени вработувања кои се најчесто партиски.