![Bangkok](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/Bangkok.jpg?resize=696%2C391&ssl=1)
Тајландската полиција објави во вторникот дека уапсила 14-годишен тинејџер осомничен за пукањето во луксузен трговски центар во главниот град Бангкок, во кој според наводите на итната служба загинале три а ранети се чеири лица.
Детективскиот оддел на полаицијата на своите профили на социјалните мрежи објави дека 14-годишното момче, кое е осомничено за нападот е уапсени и приведено на испитување поради инцидентот во трговскиот центар „Siam Paragon“.
На медиумите се појавија фотографии на полицаец кој приведува и му става полициски лисици на лице кое лежи со лицето кон земја.
Тајландскиот премиер Сретта Тависин објави дека добил полициски извештај дека напаѓачот е уапсен и дека ситуацијата во текот на денот е под контрола.
Претходно објавените снимки на социјалните мрежи покажуваат сцени на хаос на коишто се гледа како толпа луѓе и деца бегаат надвор од просторот на трговскиот центар, додека им помагаат припадници на обезбедувањето.
Вооружените напади на Тајланд не се невообичаени. Минатата година психички растроен поранешен полицаев уби 22 деца во детска градинка, а во 2020 година војник пукајќи од своето формациско оружје уби најмалку 29 луѓе и рани уште 57 други во и околу тајландскиот град Након Ратчисима.