За Турција не е позитивно пристапувањето на Финска и Шведска во НАТО, САД ќе работат на тоа

Официјална Анкара не ја смета за позитивен развојот на настаните и можноста Финска и Шведска да пристапат во НАТО, изјави во петокот за новинарите турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган чијашто земја е значаен чинител на Северноатлантскиот воен сојуз.

„Го следиме развојот на ситуацијата со Финска и со Шведска, но немаме позитивно милсење (за нивното членство). Скандинавските земји се ‘сигурна куќа’ за терористичките организации“, истакна Ердога.

Турскиот претседател алудираше на припадниците на сепаратистичкита Работничка партија на Курдистан (PKK) која е забранета во земјата но и ставена на листата терористички организации на Европската унија и САД, но Анкара често протестира на тоа што курдските активисти слободно престојуваат и се организираат особено во нордиските земји,

Според Ердоган, „претходните администрации направија грешка во односот кон Грција, а познати се односите меѓу Турција и Грција со поддршла на НАТО“. „Не сакаме Турција да направи втора грешка по ова прашање“, додаде турскиот челник алудирајќи на периодот од 1974 до 1981 година кога Грција, како претходно Франција а потоа и Шпанија, се повлече од телата на Алијансата но практично не излегоа од неа.

Претходно во Анкара повеќе турски политиколози и аналитичари наведуваа дека Турција треба да стави вето на проемот на Финска и Шведска во НАТО, за да не ја загрози својата безбедност.

На почетокот од април, во заднината на руската офанзива во Украина, се интензивираа повиците и иницијативите Финска и Шведска по децениската воена неутралност и добри односи со Русија да побараат членство во НАТО, што е поддржано во прв ред од САД. Мнозинството членови на финскиот парламент го поддржаа пристапувањето на земјата, додека владејачката Социјалдемократска лабуристичка партија на Шведска, во која има поделби по ова прашање, најави дека одлуката за влез во НАТО ќе ја донесе на 15-ти мај.

Во меѓуврме во петокот шефицата на шведската диполоматија Ана Линд изјави дека се надева на позитивна одлука од Турција за членството на нејзината земја во НАТО.

„Завчера се сретнат со мојот турски колега, а пред неколку седмици разговаравме и за евентуалниот влез на Шведска во НАТО, кога имавме подолга билатерална средба. Имавем многу добри и конструктивни односи, а тие не ни кажаа ништо такво. Амбасадорите во НАТО на 30-те земји членки, исто така, не кажаа ништо слично. Се надеам дека ќе можеме да разговараме доколку решиме да аплицираме за членство во НАТО и дека ќе добиеме позитивни пораки од сите земји“, рече Линд.

Американските власти работат на разјаснувањето на ставот на Турција во врска со најавите на Ердоган за можно блокирање на проширувањето на Алијансата со Финска и Шведска, изјави во петокот помошникот на државнито секретар на САД за Еврпа и Евроазија, Карен Донфрид, на специјалниот брифинг посветен на претстојното патување на шефот на Стејт департментот, Ентони Блинкен.

„Работиме на разјаснување на позицијата на Турција. Без сомнение, тоа ќе биде дискусија којашто ќе биде продолжена викендов“, рече Донфрид потсетувајќи дека викендов во Берлин ќе се одржинеформален состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО на кој се поканети и шефовите на дипломатиите на Финска и Шведска.

Негативно одговори на прашањето за планирана средба на шефовите на дипломатиите на САД и на Турција по ова прашање.

„Во моментов нема билатерални средни што можам да ги најавам. Како што реков, секако дека ќе има разговори меѓу членките на НАТО и со финскиот и со шведскиот министер“, рече Донфрид.

Коментирајќи го ставот на Турција, таа уште еднаш истакна дека САД ја поддржуваат политиката на „отворени врати“ на Алијансата и ќе ги поддржи барањата на Финска и Шведска за приклучување, доколку властите на двете земји ги поднесат.