За викендов нема да има ковид статистика, бројките ќе се објавуваат во понеделник

Податоците за состојбата со Ковид-19 од викенд ќе се објавуваат во понеделник, информираа од Министерството за здравство.

Ова, како што се посочува, е заклучок кој Комисијата за заразни болести го донела на последниот состанок, согласно предлогот на Институтот за јавно здравје – дневното инфо за состојбата со Ковид-19 во текот на викендите да се подготвува и презентира во понеделник.