За Водици „Пивтијада“ во скопска Автокоманда

По осми пат годинава во скопската населба Автокоманда ќе се одржи традиционалната манифестација „Пивтијада“.

Манифестацијата ќе биде отворена на 19.01.2016 вторник со почеток во 13:00 часот на плоштадот во Автокоманда. Традиционалната „Пивтијада“, секоја година се одржува во скопска Гази Баба по повод верскиот празник Водици.

Манифестацијата ќе ја отвори градоначалникот Тони Трајковски.