„За заедничка Македонија“: Ако не сме заедно ќе нè нема, ќе ја нема ни Македонија

Ова сценарио е за разнебитување на македонскиот народ, ако не сме заедно ќе нé нема, ќе ја нема ни Македонија, ќе ја крстат како што сакаат…, рече во своето обраќање во петокот вечерта пред канцеларијата на Европската унија во Скопје, Борис Дамовски, еден од иницијаторите на граѓанското движење За заедничка Македонија по шеесет дена од протестот против обидот на СДСМ и албанските пратеници да назначат собраниски спикер и без звршувањето на конститутивната седница.

„Сиве овие настани се завеса низ која лесно гледаат вистинските Македонци, кој не гледа утре нема да биде Македонец и ќе се разбуди како северно жител, граѓанин на нечија територија. Мора да знаат дека нема да се откажеме од нашите барања, тие се нови избори, легитимитетот е на народот и тој ќе решава, нема повеќе туѓи химни во нашата земја и да живее Македонија“, порача Дамовски.

Посочи дека шеесет дена од мирните протести кои минаа во Македонија во мир, достоинство и со цврсти барања ги поставувавле своите барања, но оти некои не ги слушнале нивните поици и мислеле дека лесно ќе се откажат и оти ќе ги запрат протсестите.

„Дента одлучија да пејат химна на туѓа држава и да го кршат Деловникот и Уставот, избраа нелегитимно Собрание, колку и да замолувавме за мир и достоинствени протести трпението на народот не издржа“, рече Дамовски пред канцеларија на ЕУ.

„Се собравме тука пред канцеларија на ЕУ, чиј еден странски амбасадор трипати ги посетуваше и ги охрабруваше во Собранието за да извршат државен преврат, тоа вчера беше државен преврат. Мирните протести успеаја да ги извалкаат со намерни протести кои резултираа со насилство. Насилството никогаш не била наша намера, ниту цел и ние мораме да го осудиме, ниту еден живот, болка, не се достојни за нашата цел, нашата цел е со упорност да ја вратиме Македонија таму каде што припаѓа – нам“, истакна Дамовски.

Рече дека на прес-конференцијата „човекот кој сака да биде премиер“, алудирајќи на челниот на СДСМ, Зоран Заев, прво што направи се пофали со поддршката на странски амбасади, директно стајавќи ги македонските граѓани „под нивните чизми“ каде што народо го губи својот суверенитет, и притоа Дамовски потсети дека Македонија е суверена 25 години.

„Ова сценарио е за разнебитување на македонскиот народ, ако не сме заедно ќе нéнема, ќе ја нема ни Македонија, ќе ја крстат како што сакаат, ќе пејат химни, ќе менуваат знамиња. Сиве овие настани се завеса низ која лесно гледаат вистинските Македонци, кој не гледа утре нема да биде Македоцен и ќе се разбиди како северно жител, граѓанин на нечија територија. Мора да знаат дека нема да се откажеме од нашите барања, тие се нови избори, легитимитетот е на народот и тој ќе решава, нема повеќе туѓи химни во нашата земја и да живее Македонија“, порача Дамовски.