За здрав живот доволнa е само една минута дневно

Кога би ви рекле дека за здравје е потребна само една  минута дневно, сигурно би помислиле дека се работи за добар маркетиншки трик…

Во забрзаниот свет во кој живееме секоја минута е драгоцена и овие совети сигурно добро ќе ви дојдат. Обрнете внимание на 25 едноставни трикови кои можете да ги направите само за 60 секунди.

1. Чистете ги забите со конец – освен што ќе ви бидат забите бели и светли, чистењето може да спречи и срцев удар.

2. Растегнете се – брзото растегнување каде било и кога било ја намалува тензијата и напнатоста.

3. Здраво грицкање – наместо да чекате целосно да огладнете, земете ореви, бадеми, лешници или некое овошје за да го ублажите гладот.

4. Избегнувајте лифт, користете ги скалите – времето на траење на овие вежби зависи од катот до кој одите, но во секој случај повеќе ќе постигнете отколку да го чекате лифтот.

5. Побарајте здрави рецепти наместо првиот кој ви се појавува на Google.

6. Оставете ја технологијата

7. Додајте лимон во водата

8. Одберете си вежби кои ќе ги правите во следниот период.

9. Исчистете ја работната маса и компјутерот.

10. Длабоко вдишете

11. Повикајте пријатели со кои ќе разговарате и ќе се ослободите од стресот

12. Измасирајте си ја главата

13. Најдете едноминутен предизвик и надминувајте го сопствениот рекорд

14. Испијте чаша вода

15. Излезете на воздух

16. Напишете листа на работи за кои сте благодарни

17. Измијте ги рацете

18. Пијте витамини

19. Средете ја собата – можеби не е можно детално чистење за 1 минута, но можете барем привидно да ги тргнете работите кои ви пречат.

20. Подгответе си ја спортската торба за вежбање или чантата за на работа. Така, нема да се потресувате следниот ден.

21. Пуштете си ја омилената песна

22. Отворете книга со позитивни мисли и прочитајте си една реченица по случаен избор.

23. Замислете си желба.

24. Изедете коцка чоколадо.

25. Насмевнете се.

Гледате, не е тешко…мали навики до големи и среќни промени!