Доколку се чувствувате подепресивно во текот на зимските денови, бидејќи станува збор за доброз познат феномен, сезонското афективно нарушување (SAD), а некои научници веруваат дека на ова се поподложни лицата со кафена или потемна боја на очите, се наведува во студијата објавена во стручното списание Behavioral Science & Psychology.
Многумина во текот на зимските месеци се чувствуваат летаргично, заморно и безволно. Сето тоа се сиптоми на споменатото сезонско афективно нарушување, форма на депресија што коинцидира со зимските месеци. Феноменот SAD е типичен за зимските месеци кога има помала природна сончева светлина, а варира од намалено расположение до поголема потреба од спиење и храна, особено од јаглеходрати.
Некои научници веруваат дека SAD се развива нерамнотежа меѓу серотонинот и мелатонинот во организмот. Серотонинот му дава на организмот енергија, а го нарекуваат и хормонот на среќата, а ослободувањето на мелатонинот влијае на тоа да се чувствуваме поспани.
И иако SAD во медицината е признат како една од формите на нарушување на расположувањето, научниците сѐ уште се поделенни кога станува збор за неговите причини, а некои и не го признаваат како нарушување. Така, според професорот по психологија од Универзитетот на Јужен Велс, Ленс Воркман, врз поголемата подложност на зимската депресија значително влијае бојата на очите.
Во истражувањето, со коешто биле опфатени 175 студенти од универзитетите во Јужен Велс и на Кипар, Воркман и неговите колеги утврдиле дека луѓето со посветли, односни сини, сиви и светло-зелени очи, поретко се подложни на зимска депресија отколку они со потемна боја на очите. Тврдат дека причина за тоа би можело да биде количеството светлина коишто светлите очи се способни да ја апсорбираат во текот на зимските денови кога нема сонце. Додаваат и дека потемните очи стимулираат поизводство на поголемо количество мелатонин, кој луѓето ги прави почувствителни и поподложни на нарушувањата во однесувањето.
Мрежницата е дел од очното јаболко кој содржи сетилни клетки – фоторецепторите, кои се чувствителни на светлина. Кога светлината ќе влезе во окото, овие клетки ги поттикнуваат нервните импулси кои во човековиот мозок ја обликуваат визуелната слика.
Во 1995 година научниците открија дека некои од сетилните клетки на мрежницата, наместо да формираат слика едноставно испраќаат информација за нивото на светлината од задниот дел на окото до хипоталамусот. Хипоталамусот, пак, е важен дел од мозокот кој ги лачи хормоните коишто ја регулираат температурата, влијаат врз чувството на глад и на циклусот на спиење. Колку повеќе информаци за светлината доаѓаат до хипоталамусот, количеството на излачениот мелатонин опаѓа.
Очите со помалку пигмент, а тоа се сините или сивите очи, се почувствителни на светлината, па им е потребна помала апсорпција на светлина за да формираат слика. Тоа значи дека не мора да апсорбираат толкаво количество светлина како кафените или темните очи, пред оваа инфорамција да стаса до клетките на мрежницата. Поради тоа кај луѓето со посветли очи во текот на есента и зимата се ослободува помалку мелатонин, а овој механизам им дава одредена отпорност на сезонското афективно нарушување.
Научниците во текот на зимата препорачуваат прошетки, особено во текот на сончевите денови, бидејќи сонцето помага во производството на витаминот Д и ја спречува апсорпцијата на мелатонинот. Доколку тоа не помогне, советуваат фототерапија или терапија со светлина во текот на којашто се користат ултравиолетови зраци (UVA и UVB) со помош на вештачки извори на светлина, односно специјални видови светилки.