Забава за сите со Hisense: Три фудбалски видео игри кои мора да ги изиграте за време на празниците

Може да ги искористите неработните денови за Божиќ за конечно да одиграте некои од најдобрите фудбалски натпревари оваа сезона.

Под импресии од FIFA World Cup Qatar 2022™, но и поради одличната забава што ја нудат, ви претставуваме три спортски, пред сѐ фудбалски видео игри кои треба да ги играте во текот на 2023. година.

Има за секого по нешто – од класична спортска симулација на фудбал, преку играње меѓу платформи на конзоли или телефони, до игра базирана исклучиво на тактика. Заедничко за сите три игри е тоа што изгледаат одлично на квалитетен телевизор, но и тоа што ќе ви овозможат часови и часови забава без разлика дали ги играте сами, со пријателите дома или онлајн во мултиплеер режим.

Игрите за кои зборуваме се FIFA 23 со последната верзија која го вклучува FIFA World Cup, eFootball 2023 со последната верзија која го вклучува The Football Festival и незаменливиот Football Manager 2023 кој се појави непосредно пред FIFA World Cup Qatar 2022™.

Што нудат сите нови фудбалски игри

FIFA 23 ќе остане запаметена по тоа што е последното издание на оваа игра во кое соработуваат компанијата EA Sports и организацијата FIFA. После тоа ќе играме неколку нови фудбалски симулации за кои ќе дознаеме повеќе во текот на 2023. и 2024. година. Цената на играта е околу 70 евра во основното издание, а сите играчи кои ќе ја купат играта ја добиваат најновата верзија која го вклучува FIFA World Cup. Серијата FIFA е позната со децении по својата автентична игра, HyperMotion2 реалистична графика и опцијата за вкрстена игра. Има над 19.000 лиценцирани играчи, 700 тимови, 100 стадиони и над 30 официјални лиги ширум светот. Играта е направена за конзоли, а контролорите на PlayStation и Xbox се совршени за часови одлична игра.

eFootball 2023 е оценет малку пониско од FIFA 23 и не го вклучува FIFA World Cup, но последната верзија го вклучува The Football Festival, кој е „симулација“ на Светското првенство онолку колку што дозволуваат официјалните лиценци. Сепак, играта е бесплатна за играње и нуди можност за поврзување играчи на платформи. Konami, кој е издавач на играта, работи напорно за да го подобри гејмплејот на играта, па најновата верзија на eFootball 2023 е драстично подобра од првичната верзија, која доби лоши критики. Ако ѝ дадете шанса на најновата верзија, која го наследува легендарниот PES – ќе бидете задоволни, сигурни сме!

Football Manager 2023 е фудбалска симулација, но на поинаков начин. Ако сакате тактика, прилагодување на тимот и перформансите до најситни детали, управување со финансии, влијание на секоја можна статистика, но и на сите други аспекти на играта – ова е изборот за вас! Водејќи ја секоја функција на избраниот клуб, треба да се докажете како квалитетен менаџер и да се изборите до врвот на табелата. Нема да биде лесно, но сигурно ќе уживате во тоа. Впрочем, ова е најдобро оценета фудбалска игра во моментов на сите платформи, без разлика што не е класична симулација. Цената на играта е околу 60 евра.

Уживајте во секој детаљ

Како официјален телевизор на FIFA World Cup Qatar 2022™, Hisense 65U7HQ ги има сите карактеристики што ви се потребни за да уживате во која било од овие игри, но истото го нудат и Hisense телевизорите од сериите U8 и U9, како и Hisense ласерскиот телевизор. Моделите што ги споменавме имаат најмалку 4K резолуција и големини на екран од 55, 65 или повеќе инчи, што се повеќе од доволно карактеристики за да скокнете на теренот за игри веднаш од вашата дневна соба!

Најголемата тајна за успехот на Hisense телевизорите на полето на игри е, всушност, новиот режим на игра (Game Mode Pro) со режим на автоматска ниска латентност (ALLM) и континуирано вертикално освежување под протоколот HDMI 2.1. Едноставно кажано, овие опции, покрај намалувањето на доцнењето, делуваат и на намалување на секцањето на екранот и дисбалансот на сликата, помагајќи ви да останете во предност и да победите. Во спортските симулации, секое додавање или шут кон голот е важно, а колку е побрза изведбата без заостанување на сликата, толку е подобар резултатот, особено во игрите FIFA 23 и eFootball 2023!

Hisense на избраните телевизори поддржува освежување на сликата до 120 Hz, задоцнување од помалку од 20 милисекунди, додека Dolby Vision HDR10+ и затемнувањето во целиот опсег овозможуваат појасна, поквалитетна и поекспресивна слика во сите моменти на играње. Погрижете се да ги активирате овие опции додека ја играте играта Football Manager 2023, за поудобна игра и јасно читање на секој детаљ од статистиката. За моменти кога просторијата е премногу осветлена, некои модели имаат достапен додаток против отсјај (anti-glare), што го намалува непријатниот отсјај од сончевата светлина и другите извори на отсјај на екранот.

На пример, моделот Hisense 75U9GQ поддржува и AI оптимизација на слика, технологија опремена со паметно препознавање на моменталната сцена на екранот во реално време. Благодарение на ова, Hisense телевизорот може веднаш да го сними влезниот сигнал на секој фрејм, а потоа автоматски да го препознае и да ги оптимизира параметрите за сликата според специфичните барања на сцената што се прикажува. Ова е можно благодарение на паметниот Hi-Engine процесор, а сите Hisense телевизори доаѓаат со паметен оперативен систем VIDAA во верзија 6.0 или понова.

Се разбира, играњето не вреди ништо ако звукот не ве вовлече во играта! Татнежот на стадионот, енергијата на навивачите и еуфоријата на FIFA 23 и eFootball 2023 ќе бидат буквално насекаде околу вас благодарение на различните звучни ефекти што ги нудат Hisense телевизорите – од Dolby Atmos и DTS Virtual:X технологии до повеќеканален опкружувачки (surround) звук. За илустрација, во нормални околности, звучниците на телевизорот емитуваат звук од дното или од предната страна. Кога телевизорот има поддршка за Dolby Atmos, меѓу другото, го прави телевизорот да симулира звучни ефекти кои доаѓаат од напред и одоздола, но и одозгора и од правец на таванот, создавајќи атмосфера како да сте на стадион од сите страни.

Сите Hisense телевизори можете да ги погледнете на mk.hisense.com.