Забавниот парк пред спортскиот центар „Борист Трјаковси“ ќе биде затворен, информира МВР

Забавниот парк пред спортскиот центар „Борист Трјаковси “ ќе биде затворен, информираше Министерството за внатрешни работи.

„Имено, од страна на инспекциските служби по преземените мерки и активности и констатираната фактичка состојба изготвени се Записници за констатирана состојба додека од страна на овластен градежен инспектор од Општина Карпош поведена е постапка за констатираните неправилности, по што ќе бидат преземени конкретни мерки во насока на отстранување на истите, престанување со вршење на активноста, како и дислоцирање на реквизитите“, се вели во соопштението на МВР.

Полицијата информира дека „постапувајќи по допрен глас дека во Скопје, на подрачјето на Општина Карпош, поточно пред спортскиот центар „Борис Трајковски“ без соодветни документи и потребни дозволи се поставени реквизити за забавен парк меѓу кои и панорамско тркало, на 20.05.2024 година“.