
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози. Врнежи од снег има во Маврово и на планиските премини Стража, Буково и Ѓавато. Од 07:00 часот изутрина поради врнежи од снег е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар, соопшти Автомотосојузот на Македонија.
Оттаму потсетуваат на законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.