Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, во западните и југозападните делови од државата на повисоките места наместа со остатоци од кашест снег по интервенција на нашите дежурни екипи. Во североисточните, источните и јужните делови од државата коловозите се наместа влажни.
На патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила, информираат службите на ЈП „Македонијапат“.
Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар која е воведена утринава во 04.20ч се уште е на сила.
На патниот правец Кичево – Охрид преку планинскиот превој Пресека од 06.05 часот воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила.
На одредени правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.
ПУНКТ | Т(°C) | ПУНКТ | Т(°C) | ПУНКТ | Т(°C) |
К.Паланка | 0 | Струга | 0 | Кочани | +2 |
Страцин | +1 | Ресен | -1 | Делчево | / |
Куманово | +1 | Крушево | -3 | Смојмирово | 0 |
Маџари | +2 | Кичево | 0 | Струмица | +2 |
Тетово | 0 | М.Брод | +1 | Велес | +2 |
П.Шапка | -6 | Буково | -2 | Неготино | +4 |
Гостивар | -1 | Ѓавато | -5 | Д.Капија | +4 |
Стража | -3 | Плетвар | -3 | Удово | +3 |
Маврово | -4 | Пресека | -2 | Гевгелија | / |
Дебар | -6 | Железнец | 0 | Кула | 0 |
Битола | +2 | Штип | 0 | Петровец | +2 |
Прилеп | -1 | Сарамзалино | +2 | ||
Охрид | +1 | Павлешенци | 0 |