„Марјан Забрчанец, тој беше портпарол на Владата, нешто во тој ПР сектор до Роберт Поповски. Марјан Забрчанец беше со мене на телефон како да сме во љубовна врска. Буквално на секој еден час ми праќаше вести кои што требаше да ги пласирам понатаму. Па, јас ги пласирав на дескаџиите и на новинарите, и на тој начин се уредуваа вестите“, истакна Бојан Јовановски познат како Боки 13 во вчерашното емитување на поткастот на Лазаров.
Јовановски додаде дека тој е крив што дозволи Забрчанец да му кажува кои вести да пласира во свој медиум.
Во своето гостување се осврна и на Александар Кирацовски кај што укажува дека тој вршел рекет на РЕК Битола.
„Александар Кирацовски е човекот кој што беше генерален секретар на СДСМ. и пред мене тука е комуникацијата со Александар Кирацовски од почетокот на нашето познавање до моето апсење. Александар Кирацовски како секретар на СДСМ се запознавме откако мене ми го запалија возилото“, рече тој.
„Александар Кирацовски беше човекот кој што мене ме спои и со Силјан Мицевски, а комуницираше и со овие други структури со стружаните Ардијан Амзоски на состаноци на Меѓународен сојуз. И тој е човекот кој што беше цело време спојот на мене и на овие бизнисмените кои што подоцна беа дел од проектите на Меѓународен сојуз“, нагласи Јовановски.
Тој посочи дека од СДСМ ги користеа неговите следачи и линкови.
„Истиот тој човек е човекот кој што учествуваше во нелегален профит околу РЕК Битола помеѓу Силјан Мицевски, уште едно лице, и уште едно лице кои што добиваа директно тендери од Владата. Зоран Заев со негово знаење и без негов амин не можеше тоа ништо да пројде. Јас бев сведок кога Силјан Мицевски во мојата канцеларија во 1ТВ во коверт му даде полн коверт со евра, му даде на Александар Кирацовски“, објасни Јовановски.