На плажата Таканосу во градот Фукуи во централниот јапонски регион Чибу зачестија нападите на делфини врз луѓе објави јавната телевизија NHK, откако во петокот уште две лица се пожалиле дека биле каснати од делфини.
На плажата Кошино, од почетокот на овој месец се потврдени повеќе случаи на делфини кои удираат и гризат посетители на плажа. Градските власти по зачестените пријави за слични инциденти го зголемиле бројот на пловките, обидувајќи се со користење ултразвук да го истераат делфините од капалиштата, а населението го повика да стои да ги избегнува.
Нападите од петокот предизвикале плажите во Фуку привремено да бидат затворени. Засега не е позната причината за агресивното однесување на овие морски цицачи, кои се познати како дружељубиви, игриви и исклучително интелигентни суштества во животинскиот свет.
Истовремено градските власти ги предупредуваа посетителите на плажите дека често се обидуваат да ги допрат делфините или да ги јаваат, и изрично побара граѓаните во следниот период да не им се приближуваат, туку да ги следат од брегот.
Претходно јапонските медиуми објавија за случај кога делфин бркал нуркач до длабочина од шест метри. Се обидувал да ја гризне опремата за нуркање и се однесувал агресивно, според нуркачот кои успеал да побегне кога делфинот излегол на површината за да вдиши.