Зад затворени врати се слушаат „бомби“ за апсењето на Бошковски

Вкупно 35 „бомби“ се пуштаат во судницата во Кривичниот суд на рочиштето за предметот „Тортура“, поврзан со апсењето на Љубе Бошковски на 6 јуни 2011.

Јавноста, по барање на СЈО, е исклучена од овој дел од судењето поради можната повреда на приватноста.

Во овој предмет обвинети се поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот прв човек на единицата „Алфи” Ивица Антевски – Пуки и уште петмина припадници на единицата.