Задар пресилен за МЗТ Скопје

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје претрпе нов пораз во АБА лигата, овој пат на гостувањето во Хрватска кај Задар со 79:98.

„Штрковите“ немаа ниту едно водство на овој натпревар, постојано го бркаа противникот кој одигра импресивно прво полувреме во кое си создаде предност од 57:35 по што беше многу полесно во вторите 20 минути во кои беше израмнето на теренот.

Ова за четата на Петровиќ беше 9 пораз во 11 меч со што аеродромци се на последното место во АБА лигата.

Божиќ со „дабл-дабл„ учинок од 27 поени и 10 скокови беше прво име на натпреварот, кај МЗТ дуото Миќовиќ-Стојановски искомбинира 40 кошеви.