Андреј Ботиков, на 47 години, еден од 18-те научници кои ја развивале вакцината Спутник V против коронавирусот во Националниот истражувачки центар Гамалеја, бил задавен во неговиот дом на улицата „Рогова“ на 2-ри март.
Руските власти го потврдија случајот и велат дека напаѓачот ја признал вината при сослушувањето откако бил приведен „во најкус можен рок“, пренесе агенцијата РИА
Научникот бил задавен со ремен.
Обвинетиот за нападот е 29-годишен маж, идентификиван како извесен Алексеј Змановски. Според Истражниот комитет, пријавениот ден претходно во станот на Ботиков се скарал со сопственикот и го задавил со ремен.
Извештаите на Истражниот комитет на Русија укажуваат дека се работи за погрешна провала. Напаѓачот избегал по настанот.