Задолжувањата на оваа влада продолжуваат: За шест месеци СДСМ планира да ја „заборчи“ државата за нови 270 милиони евра

Министерството за финансии предводено од кадар на СДСМ на својата веб страна ги објави планираните задолжувања за првите два квартали, односно првите шест месеци од годината за наредната 2020-та година.

Владата и Министерството за финансии планираат да издадат хартии од вредност во вредност од 16 милијарди и 500 милиони денари односно околу 270 милиони евра.

Задолжувањата континуирано растат додека капиталните инвестиции се на очајно ниско ниво. Опозициската ВМРО ДПМНЕ како и експертската јавност континуирано предупредуваат за зголемените задолжувања и за зголемувањето на јавниот долг но власта упорно ги спроведува и повеќе од проектираните.

Така според информациите откако Заев е на власт јавниот долг на државата е зголемен за вкупно 914 милиони евра. Јавниот долг достигна фрапантни 5 милијарди и 700 милиони евра.

Инаку пред да дојде на власт СДСМ жестоко ги критикуваше задолжувањата и зголемувањето на јавниот долг предупредувајќи на црно сценарио за македонската економија додека сега континуирано ги спроведува и ја убедува македонската јавност дека тие се во нормала.