Живееме во исклучително предизвикувачки период за сите нас, но особено за лицата со атипичен развој. Ограничувањата кои ги пресретнуваме од нас бараат поинаков модел на однесување кој еднакво треба да го применат и семејствата во кои има членови од атипичната популација. Како ќе изгледа нивната нова реалност, разговараме со Александра Јорданов – дефектолог.
Додека се беше замрено, вашите активности како дефектолог не престанаа бидејќи ја увидовте неопходноста од поддршка на семејствата и лицата со атипичен развој. Какви препораки давате до семејствата како да се однесуваат во овие мигови со своите деца и како да си го олеснат овој период?
Промената во дневните рутини на овие деца, многу влијае во нивното секојдневно функционирање и може да има негативен импакт на нивното однесување. Појава на анскиозност, предизвикувачко однесување, тикови и сл.
Во овој период покрај работата на родителите со нив дома по дадените наши насоки, пожелно е и да се одржуваат онлајн часовите со терапевтите. Во моментов, јас како член на „Македонско научно здружение за аутизам“ и останатите мои колеги, работиме на проект „Програма за социјални вештини и позитивно родителство на деца и семејства со аутизам“, поддржан од УНИЦЕФ и амбасада на Велика Британија, со онлајн платформа која што досега успешно ја спроведуваме. Ова им ја намалува вознемиреноста, им го подобрува расположението, а тие го добиваат својот простор за комуникација со нас како терапевти.
Многу е важно да децата кои што имаат аутистичен спектар на нарушување да имаат точно одреден распоред, може да биде и визуелен, за да можат да имаат јасна слика за активностите што треба да ги имаат во текот на денот. Затоа препорачувам користење на можностите за прошетка, во утврдените термини за време на карантинот и задржување на рутината колку што ни дозволуваат можностите и се разбира задржување на оптимизмот, иако знам дека тоа е многу тешко.
Неодамна го отворивте центарот за стимулација, раст и развој „Старс“, кој е единствен приватен центар во Повардарскиот регион, како е осмислен и какви услуги нуди?
Работам со ранлива категорија на лица, односно деца кои што во денешно време се соочуваат со разни проблеми и предизвици во текот на нивниот раст и развој, подолго време ги истражував модерните и софистицирани методи за стимулација и надминување на овие проблеми. „Старс“ како прв регионален центар од овој тип е од стратешко значење во регионот, токму поради неговиот социјален импакт, затоа што со своето постоење и работење им заштедува време и финансиски средства на родителите, кои што порано мораа да ги носат на третмани само во Скопје.
Главната цел на „Старс“ е развивање на позитивно другарство помеѓу децата со типичен и атипичен развој, како и поврзување на нивните родители, со цел разменување на искуства, присуства на работилници, заеднички дружби, советување и помагање. Долгорочно, импактот на „Старс“ се состои во оспособување на децата за образование во редовните училишта.
Исто така центарот е верификувана институција од Министерство за образование и наука, како Центар каде што ќе се обучуваат лични асистенти за деца со посебни образвни потреби во училиштата.
Врз основа на искуството и потребите на децата профирилиравме услуги кои се нивна подготовка за на училиште како и поддршка во учењето и нудиме дефектолошка процена, индивидуални дефектолошки третмани, индивидуални логопедски третмани, сензорна интеграција, музикотерапија и арт терапија.
Какви бенефити имаат децата со типичен, и атипичен развој од користење на музикотерапијата и сензорната соба. Што конкретно се постигнува?
Сензорната соба на прв поглед на сите им изгледа како игротека, но морам да напоменам дека во таа соба секое катче е наменето за надминување на некој сетилен проблем. Децата со атипичен развој најчесто имаат проблеми со вестибуларен и проприоцептивен систем, тоа се системи кои што сите ние ги поседуваме (коски, кожа, мускули, зглобови и сл.). Исто така имаме и дел кој што е наменет за тактилна стимулација, како и катче со rock climbing кое што е омилен кај децата со типичен развој, за усовршување на крупната моторика. Преку игра со точно насочена активност ги надминуваме сите проблеми и недостатоци во развојот.
Музикотерапијата претставува терапевтско користење на музиката и нејзините елемети (звук, ритам, мелодијаи хармонија), со цел постигнување на физички, емоционални, ментални, социјални и когнитивни потреби.
Музикотерапијата се изведува групно или индивидуално, за да ги зајакне комуникацијата, учењето, изразувањето, организацијата и другите основни терапевтски цели.
Прекумузикататребадасеоствариодреденакомуникација, соцелдасевоочатпотешкотиитекајдетето, задамусепомогневозајакнувањенанеговотофизичко, ментално, социјално и емоционалноздравје. Ворамкитенамузикотерапијата, дететоможедарепродуцира, создава, импровизира и слушамузика.
За прв пат организирвте семинар во Велес со проф Др.Владимир Трајковски од институтот за специјална едукација и рехабилитација и Марко Ферек лице со Хиперкинетски синдром (АДХД), кој што има развиено Ферекова метода за работа со такви деца како и воведување на Плеј атеншн методата за истите. Кои се бенефитите од користење на таа метода и дали истата може да се користи кај нас?
Семинарот беше одржан за прв пат во Велес, на 24.12.2019 година, под наслов „АСН и АДХД мит или реалност во нашето општество?“, кој што беше наменет за специјални едукатори, логопеди, педагози, психолози, лекари, како и родители на деца со аутистичен спектар на нарушување и АДХД. Проф.Д-р Владимир Трајковски е наш постојан соработник, кој што доаѓа еднаш во месецот кој што врши дијагностика за аутизам и первазивни нарушувања, со одреден протокол за работа, како и биомедицински третман но овој пат беше во улога на предавач, несебично споделувајќи го знаењето со сите присутни колеги на истиот.
Ферековата метода, веќе ја користиме кај нас, за работа со деца со АДХД, а во тек е и набавката на Плеј атеншн апаратот, кој што дополнително ќе помогне во детерминирање на таа хиперактивност кај овие деца.
Важите за иновативен дефектолог кој има поинаков пристап. Колку на глобално ниво дефектолошкиот пристап денес е поинаков од минатото и кои се предизвиците со кои се соочува?
Јас како дефектолог, покрај сензорната интеграција, музикотерапијата и арттерапијата ги користам и современите методи и техники за работа со овие деца како што се: PECS – Picture exchange communication system(комуникација на систем преку слики) ABBA-Applied Behavior Analysis (Применета бихејвиорална анализа), TEACCH -Treatment and Education of Autistic and Related Communications Handicapped Children (организација на простор со визуелни знакови), Floor time и други.
Сите овие методи се прилагодуваат според можностите, способностите и потребите на детето. Порано овакви методи кај нас не постоеја и сеуште ние како кадар, имаме потешкотија за добиеме соодветна обука за истите.
За жал, иако живееме во модерно време, слободно можам да кажам дека гласноговорниците за оваа проблематика се малку на број, а ние сеуште се соочуваме со проблеми од типот на неприфаќање на состојбата на родителите за своето дете.