Заедничка контрола на ГП Табановце-Прешево од 1 август

Министрите за внатрешни работи на Македонија и на Србија, Оливер Спасовски и Небојша Стефановиќ денеска во Белград потпишаа Договор меѓу владите на двете земји за воспоставување заеднички контроли на граничниот премин Табановце-Прешево.

Со тоа би требало значително да се намалат бирократските процедури и се забрзува протокот на возила, односно се намалува можноста за каков било застој.

На средбата како што посочи Стефановиќ, било разговарано и околу заедничката борба против организираниот криминал потенцирајќи дека ќе продолжи соработката помеѓу двете министерства. Во врска со заедничката контрола на границите најави дека работни групи од двете земји ќе продолжат со разговори каде се проектот ќе може да се спроведе.

Овој премин ќе овозможи и поинаква регулација, но и да имаме побрз проток на луѓе, патници и стока, се она што им овозможува на граѓаните на нашите две земји но и на сите кои транзитираат низ нашите две земји полесно, поефикасно и побрзо да пристигнат до своите дестинации но и ќе им овозможат на нашите економии побрзо да се развиваат.

Договорот ќе стапи на сила на 1 август, по нов режим, по спроведувањето на потребните процедури, потпишувањето на протоколите меѓу царините на двете држави и двете министерства за внатрешни работи.