Заедничка песна на Каролина и Дуке Бојаџиев

Заедничка песна на Каролина и Дуке Бојаџиев
Заедничка песна на Каролина и Дуке Бојаџиев

„Авалон продукција“ денеска ќе ја промовира првата заедничка песна на двајцата наши најквалитетни музичари во моментов  Дуке Бојаџиев и Каролина Гочева.

Песната „Зборови немам” е комплетно авторско дело на Дуке Бојаџиев музика, текст, аранжман и изведба, снимена е и продуцирана во музичкото студио „Гаеа“ (Gaea) во Њујорк, а вокалот на Каролина е снимен во „Марифет“ (Marry Phat) студиото на Ивица Јанкуловски во Скопје.

Песната „Зборови немам“ ќе биде поставена во 21 часот на официјалните фејсбук профили на Каролина, Дуке Бојаџиев и на „Авалон продукција“.