Заедно со Смаиловиќ бил и Галетановски, директор на ЗОО Скопје?

Дали Сенад Смаиловиќ во Струга бил сам, или при претресот бил уште еден познат функционер- директор на власта?

По информациите дека Сенад Смаиловиќ, директорот на ЈП Улици и патишта, според многумина близок до Петре Шилегов, во Струга бил приведен од полиција заради тоа што кај него бил пронајден кокаин, се погласни се и чаршиските информации дека тој не бил сам, туку со уште еден близок соработник на скопскиот градоначалник. Непотврдени информации коишто се шират на социјалните медиуми упатуваат на сомнеж дека во моментот на приведување со него бил и директорот на скопската Зоолошка градина Ѓорги Галетановски, но за него нема ништо во полицискиот билтен објавен вчера.

Инаку според полицискиот билтен, службеници од П.С. Струга на 15 август во 22.40 часот на ул.„Владо Малески“ во Струга го лишиле од слобода С.С.(33) од Скопје, затоа што при преглед кај него бил пронајден кокаин.

Лицето за кое потоа се потврди дека бил директорот на ЈП Улици и патишта, Сенад Смаиловиќ, бил приведен во полициска станица од каде што најавија соодветен поднесок.