Заев ја забавува јавноста со некакви снимки поврзани со 27-ми април, додека 30 до 50 луѓе умираат дневно од Covid-19 поради неспособноста на неговата Влада

Ако некој предизвикува безредија во државата за овие четири години, тоа е оваа корумпирана и криминална Влада на СДСМ предводена од Зоран Заев. Ако некој создава неред, ако некој денеска практично македонизира поливина од балканското  нарко подземје тоа е СДСМ предводено од Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Олиовер Спасовски кој што во тој момент се наоѓа таму каде што се наоѓа, Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ при гостување во дневникот на МРТ.

Наспроти тоа, истакна Мицкоски, Македонија е рекордер според бројот заболени и инфицирани во ковид пандемијата и луѓе коишто го загубиле својот живот тоа е Владата на Зоран Заев и ресорниот министер во министерството за здравство.

„И можам уште многу работи да велам, тука е и дебаклот во економијата, ако некој денеска ја уништува и девстира и враќа назад Македонија тоа е Владата предводена од СДСМ и Зоран Заев. Тие се луѓето коишто се најдоговорни за нередот во државата“, истакна Мицкоски

Додаде дека Македонија е единствената НАТО држава и кандидат за членка во Европската унија со 35 терористи. Меѓутоа, притоа Мицкоски посочи дека тие лица се се обвинети за меѓународен тероризам, но имајќи го предвид политизираното и партизинато судство прашање е дали и ќе им биде судено по обвиненијата.

„Зошто еве тие луѓе се помалку вредни од тие што беа обвинети за „Монструм“ каде што имаше жртви? Зошто се тие помалку вредни? За тоа што кога беше Зоран Заев опозиционер ги лажеше блиските на тие невини жртви дека тој знае дека не се тие обвинетите дека се други сторители“ рече Мицкоски.

За снимката каде што се наводно се наведува ликвидација на премиерот, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, посочи дека постојат најмалку 20 такви снимки и за негова ликвидација и ликвидација на неговото семејство.

“Јас можам да ви пуштам саат време да слушате луѓе кои што се гоштеваат со мојата глава, со телата на моето семејство. И тоа ли треба сега да го зборуваме? Тоа треба да го пуштаме преку наши блиски портали, со тоа ли треба да ја забавуваме македонската јавност, кога на дневно ниво ни умираат од 30 до 50 луѓе“, истакна Мицкоски.