Заев: Бев приватно надвор од државата со моите другари

Премиерот Зоран Заев денеска се врати на своето работно место во Владата по неколкудневниот одмор, а денеска откри дека на одмор бил со другарите.

-Овој одмор ми беше испланиран претходно, потребен ми беше зошто јас сум како и сите граѓани. Бев приватно надвор од државата со моите другари каде имав доволно време да размислувам за тоа што следува, изјави Заев.