![заев1](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/09/zaev1.jpg?resize=259%2C194&ssl=1)
Зоран Заев ги доведува во заблуда сите граѓани на Република Македонија. Тој си поигрува со чувствата и на Албанците и на Македонците.
Иако сакајќи да им се додвори на албанските гласачи се обиде да го протне Законот за двојазичност пред локалните избори, тоа нема да се случи. Во Собранието, пратениците расправаат за законот во прво читање, а второто читање, пред воопшто да се гласа за него, ќе биде после локалните избори.
Законот за јазици, кој многу професори и експерти го оценија како неуставен, влезе на главна расправа во Законодавниот дом.
Пред два месеци, пак, албанските медиуми пишуваа дека ставот на Зијадин Села е дека доколку во рок од 100 дена не се изгласа Законот за албанскиот јазик тој ќе ја напушти владината коалиција. Се поизвесно е дека Заев во обид да ја сочува владината коалиција и да го испорача ветеното ќе остане глув на изјавите и укажувањата на екпертската фела, но и на мислењето на граѓаните.