Заев е лицемерен, сакаше да избереме ревизор наспроти законот

Како што ги лажеше претставниците на меѓународната заедница дека во Македонија има реформи, како што ги лажеше граѓаните дека ќе работи чесно, така денес Зоран Заев излажа за процедурите во Комисијата за избори и именувања во Собранието на Република Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во интерес на точно информирање на јавноста, сакаме да предочиме дека, прво СДСМ предложија кандидат кој што не ги исполнува основните законски услови. Второ после посочувањето за непотполноста на документите на нивниот кандидат, пратениците од неговата коалиција бараа континуирано одложување на изборот на нов главен државен ревизор. Трето, последен пат пратениците на СДСМ на веќе закажана и отпочната седница за оваа точка бараа одложување пред две недели. Лицемерни се обидите на Заев да ја префрли одговорноста на друга страна само заради тоа што Комисијата за избори и именување во Собранието се спротивстави на незаконските желби и предлози на Зоран Заев“, се вели во партиската реакција.