Кој го е тоа смислил браќа и сестри? По чија скрипта и од која научна установа, од која тајна служба е излезена оваа експлозивна прокси-војна? Македонска направија сигурно не е. Неуспешната бомбашка офанзива на Заев, активно поддржана од пешадијата на „Кампот на слободата“ и артилеријата на образовните пленумци, распеаните соросоиди и раскокодакани медиумски пропагандисти, заврши класично според поговорката „волот рие, на шијата си фрла“ или алтернативно „кој на друг му копа гроб, самиот во него паѓа“. Очигледно плочата ќе им ја става македонскиот народ на избори. Оти тие сардисани од модерните фашистички орди ја преживеаја оваа сталинградска опсада, која траеше повеќе од една година.
А што убаво и сто отсто успешно изгледаше видеоиграва на сите симулации и пред да се пушти во масовна распродажба. Тамам почна да се загрева пропагандата предизборна, тамам мразот го скршија, кој друг ако не „угледните“ „Гардијан“ и „Фајненшл тајмс“, кои добронамерно нѐ известија дека Никола Груевски веќе ја шитнал Македонија. Веста прва ја лиферуваше „професионалната“ Катерина Блажевска преку порталот „Призма“, што го финансира УСАИД, а го презедоа повеќе „европски“ медиуми, кои добронамерно нѐ информира оти загрижениот Ерван Фуере ја советува владата на ЕУ да не дозволи во Македонија да се организираат предвремени избори, оти тоа ќе било катастрофа. За Македонија. Единствена опција за нејзин спас сега било тие никако да не се одржат. Односно, да се одложат. Гледам и други адреси од сличен маштаб синхроно почнуваат да работат за спас на Македонија и бараат изборите уговорени како спас во Пржино никако да не се одржат. Наводно не сме биле подготвени. Ние? Гласачите? Бог да чува! Па ние, бе, толку често одиме на избори поради СДСМ, кому нели природно му припаѓа правото да владее, и кризираме поради УЧК (ДУИ), кој дејствува како „сириска умерена опозиција“ учипена во системот како нагазна мина и надвор од системот како мафијашки ганг, што и во сон можеме да гласаме. Оти знаеме и за кого. Сполај им на режисериве и фалсификаторите.
Е па, вака сега: за разлика од Груевски, кому, вели, трпението му било пред крај, моето, односно нашето, е веќе исцрпено и не од вчера и завчера, што убаво се гледа од секоја анкета, кој и да ја прави.
Игричкиве прави-растури, пиши-бриши, пуи пике не важи, ајде пак одново, завршија. Фактичката ситуација е следна: „Фокус“ се согласи да ја креира и пушти во оптек аферата со фалсификувани лични карти. Љубиша Арсиќ доби европска новинарска награда за „истражувачко новинарство“. Благодарение на нивната храброст, Македонија дозна кој штанцал фалсификувани пасоши, лични карти, швајцарски сметки и други производи, кој увезувал контингенти Албанци за избори, кој учествувал во планирање терористички напади, кој работел активно на подривање на темелите на оваа држава и нејзина дестабилизација. Почнува разврската, ама не онаа што се планираше. Паѓаат ли уговорените избори, паѓа цел пржински комплот! Состојбата сега мора да се врати во времето пред договорот. Груевски нема да се повлече на 15 јануари. Паралелните министри на СДСМ веднаш вонка од владата. Парламентот, молам убаво, веднаш да си ги повлече одлуките од пржинскиот пакт. Пратениците од СДСМ одма да си излезат од парламентот. Ете, ако сакаат нека го кренат пак „Кампот на слободата 2“ во зимски услови.
Професорскиот, Студентскиот и Средношколскиот пленум повторно нека организираат протести со слоганот „Слобода за неписменоста и дунстерајот“ и универзалната порака на Бора Чорба: „Како је лепо бити глуп“, која ја следеше и „Пинк флојд“ со вонвременската нумера „Ѕид“. Фала богу бомби со прислушувани разговори, кои им ги испорачаа базата на Велика Британија сместена на грчкиот дел на Кипар и американската НСА распространета насекаде, Црпко Заев има. Нели беа пола милион. Катето ги нејќе. Оти била дел од проектот за пропагандно бомбардирање на антимакедонската коалиција. Ете, нека продолжи да си ги активира со помош на корисниците на УСАИД-донациите. Овие од Кале и оние од Бонд стил нека го активираат сега другиот детонатор ДУИ за да видат дали ќе се предадеме.
Важно „Пржино“ рокна. Вака или онака. Џабе фрлени пари. Да инвестираш во глупост било глупо ко ноќ. Да се плашиш од кретени и идиоти, да им попушташ, да се повлекуваш е исто како самиот да си безнадежно глуп. Сега, за жал, нам, на Македонија ѝ останува да ги чисти купиштата ѓубре што мороните ги оставија зад себе. Македонија е испоганета, а сега мора да чисти зад себе туѓ измет, оти корне до небо. Ако реши да не ја следи најновата закана од бриселските евроатлантски кругови и одлучи да оди на предвремени избори, СДСМ и најверојатно и ДУИ ќе ги бојкотираат по команда. Изборните резултати од страна на алтернативниот бројач на гласови, фалсификаторот ОБСЕ, ќе ги прогласи за нелегитимни. Ако пак не одиме на избори, Груевски треба да си го реставрира редовниот мандат збогатен со времето што му беше одземено, благодарение на пржинските решенија на Аиво и Џес плус „експертот“ по општа пракса Ванхоуте. Знам дека Грујо и Хорхе се големи атерџии и непоправливи бубалици, кои ги обожаваат своите учители во Брисел и затоа нема да го постават прашањето на екстерна одговорност ниту ќе го овластат талентираниот Никола Попоски од претставниците на „сериозните држави“, чија политика ја следиме до последна запирка, сеедно колку е глупа, да побара репарации за причинетата штета на Македонија. Па сепак, очекувам оваа епизода од нашиот национален од по маки да се најде во дополнетото издание на Македонската енциклопедија во редакција на МАНУ, да се најде како специјална одредница што ни Ермира Мехмети, ни разочараниот медиумски терорист и стратег Бранко Геровски, ни Соросовите пропагандни пци нема да можат да ја запалат.