Премиерот Зоран Заев, со министрите Оливер Спасовски, Горан Сугарески, Трајан Димковски, пратеници од Собранието и амбасадорката на НР Кина го отвори свечено автопатот Штип – Миладиновци, кој веќем еден месец е во употреба.
„Граѓаните добија модерно автопатско поврзување и побрзо стигнување до посакуваните дестинации во источниот де од Македонија. Се скратува времето на возење до 25 минути помеѓу многу градови од овој регион.
Поврзувањето со соседите ќе биде наш висок приоритет. Огромна благодарност и до Народна Република Кина, која го одобри кредитот за доградба на автопатот Кичево – Охрид.
Преку нашата заедничка соработка покажуваме дека имаме подготвеност за надминување на затегнатите состојби. Овој автопат останува во трајна сопственост на граѓаните на Северна Македонија и на компаниите. Ги тргнавме сите пропусти и благодарност до „Синохидро“, „Бетон“ и „Гранит“, кои работеа неуморно.
Сега започнува пошумувањето на 600.000 садници со багрем и инвестирање во животната средина на косините на овој автопат.
Заедно ја градиме Северна Македонија и ја правиме убаво место за живеење. Земјата продолжува да се гради и да се поврзува“, рече Заев во својот говор.