Заев и порача на опозицијата: Ќе размислам дали да поднесам оставка

По најновите анкети кои не одат во негова полза премиерот Заев го зголеми влогот. Откако вчера најави дека е можно одложување на изборите, денеска се закани дека нема да поднесе оставка на трети јануари, доколку не бидат изгласани според неговите зборови, суштинските закони. Останува отворено прашање зошто власта чекаше да дојде крајот на нејзиниот мандат, па сега овие закони да станат услов за одржување на закажаните избори на 12-ти април.

-Јас сум првиот што секој пат дијалогот го почитувал, имам намера целосно да го испочитувам, но немам намера да ја поднесам оставката ако некој ги блокира ваквите процеси. Без поднесување на оставката нема започнување на сите постапки, изјави Заев.

Последните анкети на јавното мислење  покажуваат зголемен рејтинг на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски, а пад кај СДСМ и Заев. Од опозицијата велат дека на владејачката партија очајно и е потребно алиби за одложување на предвремените избори. Според Александар Николоски обидот изборите да се одложат преку ратификување на членството во НАТО бил разобличен и не успеал, па сега власта се обидува да ја постигне својата цел преку поднесувањето на стотици закони во Собранието, кои се штетни за граѓаните.

-На Зоран Заев во овој момент очајно му е потребно алиби за одложување на изборите. Заев е уплашен и се плаши од соочување со народот. Го повикуваме да не ја носи Македонија во длабока и тешка политичка криза за која само тој ќе е одговорен! ВМРО-ДПМНЕ нема да ја прифати коцкарската игра на Зоран Заев и нема да прифати уцени. Зоран Заев одамна не е во состојба да поставува услови. Тој нема кредибилитет и изборите се единственото решение, изјави Николоски.

Порака дека изборите треба да се одржат на 12 април испрати и Арбен Таравари од Алијансата на Албанците, тој вели колку повеќе чека Заев, толку повеќе ќе паѓа неговиот и рејтингот на неговата партија.

-Што подалеку оди СДСМ, падот не застанува, значи континуирано има пад на рејтингот. Дали ќе одржат април или декември, за нив мислам дека подобро е април да се одржат отколку јуни, октомври или декември. Така да штом има договор од сите партии, би било добро еднаш барем да остане на својот збор, изјави Заев.

За експертите кај премиерот дека анкетите не одат во полза неговата партија. Велат, ако изборите не се одржат на договорениот датум, револтот и кај опозицијата и кај граѓаните ќе биде голем. Сепак, дел од нив сметаат дека со ваквата реторика, првиот човек на Владата се обидува да изврши притисок врз работата на пратениците.