Ветувањата на новата власт, особено во делот со економијата, од ден на ден се потврдуваат само како предизборни реторики, за што се чини дека Владата нема ниту план, ниту стратегија како да ги исполни.
Официјалните бројки говорат дека екомомијата во вториот квартал од годинава е во негатива од 1,8 %, во споредба со второто тромесечје лани, а според извештајот на ДЗС, намалувањето на бруто инвестициите најмногу влијаат за ваквата состојба во економијата. Бруто инвестициите на годишно се намалени за дури 19,9%, а се пресметуваат според потрошувачката и извозот.
Експертската јавност и стопанствениците со заедничка оценка дека три фактори го диктираат курсот на економијата. Прво тоа е јавната потрошувачка, потоа приватните домашни и странски инвестиции и на крајот тука е и уделот на владините капитални инвестиции. Исто така, предуслов за економски раст е политичка и економска стабилност. Но, експертите се согласни во тоа дека генератор на економскиот раст, пред се’ треба да бидат инвестициите.
Сепак, странските инвестиции е повеќе од јасно дека се како трн во око на новата власт, па поради некапацитетноста да обезбеди нови, таа од стартот води негативна кампања за странските инвеститори. Последно, беше декласифицирање и јавно објавување на договорите кои претходната власт ги склучила со странските инвеститори, кои до сега имаат вработено околу 25.000 лица, чија судбина е неизвесна, бидејќи повеќе странски комапнии најавија затворање на своите компании во Македонија и пренасочување на капиталот во друга држава.
А, токму, странските компании го зголемија извозот за 1,7 милијарди евра.
Лошите економски стратегии на новата влада говорат и за генералната слика по „животот во Македонија“- намален извоз, просечна плата, индустриско производство, бркање на странски инвестиции, скандали, партизираност и корупција на секое ниво…
Македонија е единствена европска земја со негативен БДП
По подолг период сега имаме пад на просечната плата за 0.7 % и пад на индустриското производство 2,2% пад на извозот за јуни и јули за 12% односно 52 милиони евра.
Не мора длабоко да се анализираат економските политики на Заев, наспроти брутално реалниот показател на БДП од -1,8.
Македонија во моментот е лидер во лоши економски политики во Европа и единствена европска земја со негативен БДП.
Блокирањето на странските инвестиции и стопираните капитални проекти кои ги почна претходната власт, а ги запре новата влада, негативно влијаат на економскиот раст. За ова говори и состојбата во градежниот сектор, каде има пад за 17,3 проценти.
Заев, заедно со вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, пред неколку денови го презентираа планот за економски раст кој според нив ќе овозможи зголемување на конкурентноста во стопанството и подобар животен стандард на граѓаните.
Заев изјави дека биле обезбедени пари за мали и средни претпријатија и за домашни гринфилд-инвестиции.
Но, според претседателот, пак, на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, економијата нема да може да се опорави ниту за неколку мандати откако ВМРО-ДПМНЕ повторо ќе се врати на власт.