![Macedonia-Bulgaria-Zaev-rilancia-il-trattato-di-buon-vicinato](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/08/Macedonia-Bulgaria-Zaev-rilancia-il-trattato-di-buon-vicinato.jpg?resize=640%2C461&ssl=1)
Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев и Премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов заедно ќе ја одбележат 115 – годишнината од Илинденското востание. Утре (2 август) двајцата премиери ќе учествуваат на церемонијата на положување венци и свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев, на плоштадот „Македонија“, во Благоевград.
Ова ќе биде втора заедничка прослава, по потпишувањето на Договорот за пријателство, соработка и соседство помеѓу Република Бугарија и Република Македонија пред една година.
На одбележувањето на годишнината, ќе присуствуваат и министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Оливер Спасовски, како и вицепремиерот и министер за одбрана на Република Бугарија, Красимир Каракачанов.
Церемонијата на положување венци и свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев, на плоштадот „Македонија“, во Благоевград, ќе започне во 17:00 часот (по бугарско време).