Премиерот Зоран Заев по завршувањето на лидерската средба се обрати до јавноста при што истакна дека сме спремни да го прифати името Република Илинденска Македонија. Тој потенцираше дека ова име би било за севкупна употреба.
Спреми сме да прифатиме Република Илинденска Македонија. Верувам дека ова е решение на кое можеме да подадеме рака, истакна Заев.
Тој појасни дека со овој предлог се зајакнува темелот на нашата држава, па затоа се надева дека ќе биде прифатливо и за Грција.
Илинден е нашата светла иднина, со ова име го зајакнуваме нашиот идентитет, а македонскиот Илинден е гаранција за мултиетничка Македонија, истакна премиерот.
Тој појасни дека предлогот би одел на референдум, нешто што и грчката страна го прифаќала.