Премиерот Зоран Заев со владина делегација на 25 и 26 јануари ќе учествува на Светскиот економски форум кој годинава се одржува во Давос, Швајцарија, на тема „Креирање заедничка иднина во поделениот свет“, информираат од владината прес-служба.
Светскиот економски форум е меѓународна организација којашто на светско ниво работи за воспоставување модел на корпоративно управување во кој вредностите се почитуваат еднакво како и правилата.