Бојан Јовановски и неговиот правен застапник, Сашо Дуковски со месеци говорат дека телефонот на обвинетиот во случајот „Меѓународен сојуз“ и осудениот во случајот „Рекет“ не се вештачи бидејќи ќе се дознае поинаква вистина и ќе открие нови детали за овие големи криминални афери.
Бојан Јовановски на рочиште за „Рекет“ минатата година, како што пишува Инфомакс, посочи дека неговиот телефон не се вештачи бидејќи ќе се види комуникацијата и врската меѓу Сашо Мијалков и тогашниот премиер Зоран Заев. Јовановски тогаш тврдеше дека чантата „Луј Витон“ на Зоран Милевски ја немал допрено и не знае што има внатре.
Веднаш потоа по читањето на пресудата за „Рекет“ во која беше осуден на 9 години затвор тој посочи дека рекетираните пари во Македонија треба да се бараат кај Зоран и Вице Заеви.
Неваштечениот телефонт на Бојан Јовановски попладнево повторно се актуелизираше откако на рочиштето за „Меѓународен сојуз“ Боки пред судот посочи дека во УСБ-то кое го нуди одбраната како доказ се наоѓаат докази од неговиот невештачен телефон.
„Овие докази произлегуваат од мојот невештачен телефон“, истакна тој во образложението пред судот на доказите.
На паузата која требаше да трае 15 минути, но траеше нешто повеќе од 40-ина минути судот одби да го прифати УСБ-то на Јовановски како доказ на денешното рочиште, односно материјалните докази да се изнесат пред сводочењето на сведоците односно вербалните докази.
Денес во судот требаше да сведочат градоначалничката на Битола, Наташа Петровска и градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев, но одбраната не поставуваше прашања поради тоа што не беше прифатено да се изнесат како што велат крунските материјални докази на одбраната.
Адвокатот Сашо Дуковски истакна дека меѓу доказите се наоѓа изјава на Заев во времетраење од околу минута во која тој отворено ги поддржува проектите на Бојан Јовановски и „Меѓународен сојуз“ и истакнува дека ќе даде 100 милиони евра државна поддршка за истите.
„Во папката од УСБ-то стои изјава подолга од една минута на Заев кој наведува дека државата е заинтересирана за градење на такви домови за стари лица и ќе вложи 100 милиони евра“, рече.
Јовановски истакна дека на УСБ-то има изјава на оштетените Адријан Амзовски и Силјан Мицевски каде велат дека не биле оштетени од „Меѓународен сојуз“.