
Заев додаде дека би било добро да се најде решение за овој закон до 15 октомври.
Се надевам дека ќе изнајдеме решение, покажавме демократска зрелост, понудивме Обвинителство за гонење на висока корупција. Како секаде во регионот, така и во нашата земја има потреба од таква работа, каде што на предлог на опозицијата би се предложил обвинителот. Верувам дека и тука ќе продолжиме да разговараме, изјави премиерот за „VOA“.
И лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, начелно не отфрли разговор, но како што претходно најави нема да отстапат од своите барања за избор на Обвинител кој темелно ќе ги испита сите случаи на корупција без разлика кога се сторени, вклучително и последниот случај „Рекет“.