Заев на инструкции кај Црвенковски

Очигледно Зоран Заев не може да ја води најголемата опозициска партија Социјалдемократскиот сојуз без малку помош од неговиот претходник, Бранко Црвенковски.

Извори од партијата велат дека Заев деновиве имал средба со Црвенковски на која побарал совети за тоа како да ја води партијата во иднина.

Според нашите извори, Заев бил пофален од неговиот претходник за добро изиграната игра со Наташа Савова и прекувањата околу идната листа на кандидати за пратеници на СДСМ.

Целта на оваа „кавга“ всушност била да се создаде слика пред јавноста дека на Бихаќка нешто се менува.

Нашите партиски извори велат дека Црвенковски го советувал неговиот наследник да престане со негативната реторика затоа што се добива впечаток дека сами се заплеткуваат кога меѓусебе си задаваат контра напади.

Црвенковски, практично, на Заев му порачал да продолжи да ја лаже јавноста, со цел да добие глас повеќе.

„Бранко го советувал Заев да почне повторно да пласира лажни ветувања и преку популистички мерки да ветува чуда. На крај нашле заеднички јазик, па се договориле да комбинираат методи“, велат нашите партиски извори.

По средбата, Црвенковски јасно ставил на знаење дека Заев е негов пулен и дека во целост ја има неговата поддршка при раководењето со СДСМ.

Се обидувме телефонски и преку СМС да контактираме со Заев барајќи коментар за ваквите информации, но до објавувањето на овој текст не добивме одговор од него.