Заев на координација со партнерите пред утрешната седница во парламентот

Зоран Заев ги собра коалциските парнтери од неговата коалиција, но и претставници на ДУИ вечерва на координација пред утрешната собраниска седница на која треба да се гласа за доверба на неговата Влада.

Освен дел од помалите коалциски парнерти, за ТВ 24, за средбата потврдуваат функцоинери и од ДУИ.

Според неофицијалните информации се договара стратегија за утрешната собраниска седница.

Дел од учесниците на средбата очекуваат Заев да ги информира за консултациите што ги водеше пратениците за враќање на неговото мнозинство.