Заев не се сеќава кога и како пријавил за „Рекет“

Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев во позитивна атмосфера на прес-конференција во Владата во понеделникот промовираа странска инвестиција од соседна Бугарија, но триумафлистичката насмевка од лицето на Заев ја тргна „незгодното“ прашање на уредникот на Инфомакс, Александар Митовски,  поврзано со аферата „Рекет“.

Инфомакс пред само неколку дена објави дека Зоран Милевски не бил свесен оти Камчев го пријавил рекетот па бил изненаден кога Боки една вечер му се јавил по телефон и му го кажал следното.

Се сеќавам беше 11.00 часот навечер кога ми се јави Бојан, почна да вика по мене дека јас и Јордан Камчев сме го наместиле, разбрал дека Јордан Камчев дошол да го пријави случајот во Влада, викаше дека тој нема ништо со парите, дека тој не земал ниту денар, викаше дека најпрво Јордан го форсирал да помогне, а после го пријавил.“, вели Зоран Милевски Кичевскиот на последната страница од исказот даден пред обвинителството.

Токму овој дел од исказот на Кичеец го отвора прашањетоп кој тоа од Владата го информирал Бојан Јовановски дека Камчев пријавил кај премиерот.

Мишевски посочи во своито прашање во исказот на Зоран Милевски Кичевскиот тој објаснува како Бојан Јовановски му се јавил откако дошол во Влада и некој му кажал дека е пријавен. Кој од Влада му се јавил на Боки да му каже дека е пријавен.

Прво, никој од влада на никој не информирал, освен премиерот што даде исказ информирајќи го Специјалното јавно обвинителство дека постои инидиции за сериозен криминал, таканаречен „Рекет“ кон бизнисмени во државата и тоа е пријавено во Специјалното, односно во обвинителството за организиран криминал. И јас сум тој кој што тоа го пријави, а потоа тргнаа самите постапки и процеси. Во текот на истрагата дали некој на некого информирал не знам, ниту гледам како тоа влијаело на истрагата или слично, но дефинитивно сериозните луѓе постапуваат сериозно. И се знае кај се пријавува, а не се пријавува насекаде по кулоарите. Пријавено е таму каде што треба, прво како што личи од претседателот на Владата кој што го дознал тоа. И само така можеме да градиме правна држава и никако поинаку, одговори Заев.

Сепак одговорот на Заев отвора многу повеќе прашања отколку што дава одговори за вмешаноста на Заев во аферата. Она што е клучно од одговорот на Заев е следново, „во текот на истрагата дали некој на некого информирал не знам, ниту гледам како тоа влијаело на истрагата или слично“, значи самиот премиер не демантира дека Боки 13 знаел дека е пријавен рекетот кај него, а според него не е ни спорно рекетарите да знаат дека случајот е пријавен.

Дополнителен сомнеж за тврдењето на Заев дека пријавил кај Русковска има и поради тоа што премиерот не се сети на ниту еден од деталите кога, каде, кај кого и како пријавил.

Господине Заев рековте и самиот сега дека вие сте го пријавиле случајот „Рекет“ меѓутоа од опозицијата упорно инсистираат на одговор на тоа кога и кој ден, кој датум, кој начин и како сте го сториле тоа. И дали за тоа имате службена официјална белешка, беше прашањето на Митовски.

Добро ќе ми дозволите да видам во агендата, кој беше датумот во колку часот каде е тоа пријавено и еве јас ќе го соопштам тоа детално иако тоа треба да го каже јавното обвинителство за организиран криминал. Меѓутоа ќе ги дадам точните детали прецизно каде, кога, во колку часот, како е тоа направено ќе ги дадеме, одговори Заев.