Премиерската оставка на Зоран Заев попладнево ќе стигне во собраниската архива.
Според неофицијални информации нема да има обраќање, ниту изјава на Заев, туку можно е оставката да биде доставена со курир.
На утрешната седница собранискиот спикер, Талат Џафери ќе ја констатира оставката и ќе ја откаже седницата за пратенички прашања, бидејќи со премиерската оставка, во оставка е и Владата.
Планот кој што Заев на синоќешната седница на Владата со која претседавал последен пат им го кажал на сопартијците и колегите од коалицијата е дека до 17. јануари најдоцна ќе треба да се избере новата Влада предводена од Димитар Ковачевски.
Планот е предлогот за нова Влада да стигне во Собранието до 10. јануари.
Како што веќе објави ТВ24, ЦО на СДСМ на кој Ковачевски ќе добие поддршка за мандатар, но и ќе треба да го избере новото раководство на партијата, се пролонгира за недела или понеделник.